
Колку често треба да се оди на стоматолог и дали штипјани имаат навика за тоа? Иако редовните контроли се клучни за здрави заби, сепак прегледите често знаат да останат во втор план. Граѓаните на терен во Штип велат дека одат на преглед, дел од нив на секои шест месеци, дел еднаш годишно, но има и такви кои, најчесто поради страв, на стоматолошкиот стол седнуваат дури кога ќе почувствуваат болка.
Граѓаните се децидни дека прегледите се неопходни за здрави заби, додавајќи оти во денешно време, со ваквиот начин на исхрана, грижата е особено важна.
И покрај брзото темпо на живот и стравот од стоматолошкиот стол, грижата за забите не смее да се одложува. Навремениот преглед денес, значи мирен сон и помалку проблеми утре.
Иван Митев, М-Нет