
Околу 100 садници со јавор ќе бидат засадени на 2 декември, идната среда, во акцијата за пошумување на потегот помеѓу Таринци и Карбинци, покрај новоизградената велосипедско-пешачка патека. Целта на акцијата е да се обнови претходно исечениот дрворед и да се раззелени овој приоритетен дел од Општина Карбинци. Како што исткана градоначалникот Виктор Паунов, покрај општината, во садењето ќе се вклучат и ООУ „Страшо Пинџур“, детската градинка, комуналното јавно претпријатие и доброволното противпожарно друштво „Баргала“.
,, Општина Карбинци започнува со организација на акција којашто ќе се нарекува пошумување на локации. Она што е важно дека акцијата ќе се случи на 2ри декември, тоа е идната среда, во соработка на Општина Карбинци со во рамките на проектот Сончева гора, којшто ќе го реализираме ние како институција, вклучувајќи ги и институциите под Општина Карбинци, а тоа е училиштето, основното училиште Страшо Пинџур, детската градинка, ќе бидат дел и комуналното јавно претпријатие од Општина Карбинци. Ќе бидат вклучени исто така и доброволното противпожарно друштво Баргала од Карбинци, коишто ќе дадат свој допринос во оваа акција. Се работи за пошумување на локација на потегот помеѓу Таринци и Карбинци, покрај новоизградената велосипедско-пешачка патека. Знаете дека на на овој потег имаше одредени одредена сеча на на самиот дрворед којшто постоеше на на оваа делница, затоа одлучивме и оваа локација да биде приоритет за пошумување, односно да се овој дел на на на општината. А исто така обезбедивме за овој проект стотина садници од типот на ја којшто се надевам дека успешно ќе по спроведување на оваа акција успешно ќе бидат зафатени и ќе можеме во во иднина да имаме да ги да ги согледаме и резултатите од оваа акција.”, вели Паунов
Паунов ги покани и сите компании и граѓани кои сакаат доброволно да помогнат во акцијата на 2 декември, со надеж дека и времето ќе послужи за да засадат што повеќе дрвца.
Ова го објавуваме и јавно затоа што сакаме мотивираме, еве да вклучиме и други целни групи во оваа акција, па и во некои следни идни акции коишто општината ќе ги организира и ова е на некој начин и повик до а општественици, до компании, фирми, па и до сите физички лица или поединци коишто сакаат да доброволно учествуваат заеднички со нас во оваа акција којашто ќе ја организираме во среда, идната среда, тоа е на 2ри декември. Се надевам дека и времето ќе не послужи, да имаме една убава убава акција за пошумување.”, додава Паунов
Очекувањата се дека сите стотина садници успешно ќе се зафатат и дека во иднина на оваа делница повторно ќе има нов дрворед.
Иван Митев, М-Нет