Струга го искористи „киксот“ на Шкендија, Брегалница остана седма, се „разгорува“ борбата за опстанок во ПМФЛ по победата на Скопје и Башкими

Сериозно поместувања на табелата во Првата македонска фудбалска лига нема, но има бодовни разлика меѓу самите екипи кои започнаа да се зголемуваат. Четири екипи се одвоија, Струга го искористи „киксот“ на Шкендија, а Брегалница останува седма, но со ист број на бодови како и Башкими, трката за опстанок доправа се „разгорува“ и ќе се комплицира од коло во коло.

Шкендија и Силекс го комплетираа 14. коло откако двете екипи одиграа 1:1. Тамба ја донесе Шкендија прва до водство за предност на полувреме, а во вторито дел Манојлов во 53. минута постигна гол за конечни 1:1 и делба на бодовите.

Табелата станува интересна по 14 одиграни кола. Струга Трим Лум е лидер со 32 бодови, сега стружани кои имаат две шампионски титули имаат четири бода повеќе од ланскиот вицешампион, Шкендија има 28 бодови. На третото место е Тиквеш со 27 бодови, тимот од Кавадарци има само еден сезонски пораз.

Шампионот Вардар кој го загуби мечот со Тиквеш со убедливи 0:3 останува на четвртото место со 24 бодови и веќе има дури осум бода негатива од првото место, па со тоа Вардар го очекува повеќе од тешка борба за одбрана на титулата.

Овие четири екипи веќе направија бодовна разлика во однос на останатите екипи. Силекс и Шкендија Арачиново го делат петтото место со по 18 бодови и и овие две екипи се обидуваат да се одлепат бодовно од останатите, во обид да фатат приклучок за горниот дел.

Брегалница останува на седмата позиција со 14 бодови, а толку има и Башкими кој е осми или во бараж зоната. Тимот од Куманово со две победи и едно реми успеа да ги стигне „сините“ од Штип, а веќе во следното коло може и за првпат да излезе од опасната зона.

Арсими е претпоследен со десет бодови, тимот од Чегране има резултатска криза со четири порази во низа, а пак Скопје е на дното со седум бодови, но победата која ја запишаа „пиратите“ во претходното коло буди надеж дека тимот кој го предводи штипскиот стратег Иван Варадиновски може да фати приклучок во тешката борба за опстанок во елитата.

Александар Ванев, М-Нет