Татко од делчевско се обидел да го нападне 13-годишното дете со стаклен предмет, потоа се степале

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Л.(45) од делчевско село поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 07.11.2026 во семејниот дом во селото, пријавениот го навредувал своето 13 годишно дете, а на 08.11.2026 се обидел да го нападне со стаклен предмет, по што настaнала пресметка помеѓу нив.