
Почина Ванчо Коцев од Штип, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.
Веста за неговата смрт ја потврдија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, каде Коцев во минатото ја извршувал и функцијата координатор.
Неговото заминување предизвика тага кај семејството, роднините, пријателите и соработниците. Од партиската организација во Штип упатија искрено сочувство до најблиските, истакнувајќи ја неговата посветеност, ангажман и придонес во работата на организацијата.
Ванчо Коцев ќе остане запаметен по својата политичка активност и ангажманот во јавниот живот.