
На 22.11.2026 во 02:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода К.А.(40) од Кочани, постапувајќи по пријава дека во домот на роднини на неговата 36-годишна сопруга во Кочани физички ги нападнал неговите малолетни деца и останати членови од фамилијата кои биле присутни во домот, со што кај нив предизвикал страв, вознемиреност и несигурност за сопствениот живот. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.