
Празот и зелката и овој петок пред празникот Архангел Миахил најбарани на пазарот во Штип. На последното есенско сонце граѓаните купуваат за прзаничната трпеза. За М-Нет телевизија велат цените при крај на ноември се скапи, но реални според маката на производителите. Квалитетот на производите велат е добар, бидејќи секој петок купуваат од проверени прозиводители.
Прозиводителите од стумичко велат дека и денеска пред празникот Архангел Миахил граѓаните купуваат во поголеми количини. Најмногу ја бараат зелката и краставиците, кои се среќаваат по пристапни цени.
Дополнително овој петок граѓаните купуваа и јапонски јаболка, киви, мандарини, портокали, а некој и јаткасти плодови, како чистени ореви, кикиритки и бадеми. Се нудеше и домашен мед, јајца, како и овогодишен планински чај.
Иван Митев, М-Нет