Саниран дефектот на водоводната мрежа во Штип, водоснабдувањето ќе се нормализира постепено

Дефектот на водоводната мрежа во Штип е саниран, информираат од ЈП „Исар“.
Како што соопштуваат од претпријатието, стручните екипи од Работната единица „Водовод и канализација“ успешно ја завршиле интервенцијата, по што следува процесот на постепено нормализирање на водоснабдувањето.

Од ЈП „Исар“ појаснуваат дека по секој поголем дефект водата не се пушта одеднаш, туку според посебни протоколи и етапно, со цел да се избегне дополнителен ризик и да се заштити водоводната мрежа.
Од претпријатието им се заблагодарија на граѓаните за трпението, истрајноста и разбирањето во периодот додека траеше отстранувањето на дефектот.