
12 стари штипски народни песни, собрани од терен од штипјанецот Александар Донски, утревечер ќе оживеат на сцената во салата на Економскиот факултет. Песните, инспирирани од вистински настани и личности од Штип, ќе бидат изведени во живо од Градскиот хор Штип, под раководство на Блаже Лазаревски. Пред секоја песна ќе биде прикажан краток видео запис со приказната за личностите кои се опеани во неа, поткрепена со стари фотографии и сведоштва. Настанот започнува во 19 часот, а влезот е бесплатен.
,,Се работи за мултимедијален проект во кој што ќе бидат претставени 12 штипски народни песни од кои што најголем дел се инспирирани од вистинти настани. Пред секоја песна ќе биде прикажан краток видео клип со историјатот на таа песна во кои што ќе бидат претставени фотографии од опеаните актери, како на пример Рајна Бурева, мајката на Ленка Пингова, Коле Велков и други, а потоа песните ќе бидат изведени во живо од Градски хор Ш тип. Па некои од песните ќе бидат за првпат претставени, а другите се веќе познати, но малку е познато за личностите кои што се опеани во нив. Сетоа тоа е засновано врз мои истражувања многу одамна, да не кажам пред колку време, кога јас на возрат од 24 години одев по старите луѓе, ѓи снимав со касетофон штипски народни песни и други фолклорни творби. Собирав фотографии од опеаните актери. Ги снимав многу одамна, тие луѓе не се меѓу живите и сега ова е еден убав момент и прилика да се потсетиме на сите нив и на нашите предци. Ново село е стариот дел на Штип, тоа е душата на Штип. Голем дел од песнтие се посветени на новоселци, бидејќи порано таму главно живееле македонците.”, вели Донски
Баже Лазаревски, раководителот на Градскиот хор Штип, вели дека за подготовката на песните им биле потребни околу два месеца. Во целиот процес вели биле вклучени и музичари, а посебен придонес имаат музичките аранжмани на проф. д-р Илчо Јованов, кој ги подготвил сите 12 песни.
,,Градски хор Штип ќе има чест и задоволство да се претстави со 12 песни, кои не се само музика, тие се животни приказни, сведоштва и сеќавање кои со децении чекаат да бидат раскажани. За овој наш проект стои огромна љубов, труд и посветеност, ентузијазам на сите членови на градски хор Штип, како и прекрасните музички аражмани на професор доктор Илчо Јованов, а на сцената ќе бидат врни музичари. Професор магистер Тони Лазаров, студентот Иван Богатинов, хармоникашот Драган Костадинов. Ги покануваме сите љубители на староградската мзуика да дојдат, да слушнат, да учествуваат на концерот и се надевам убаво ќе си поминат. Влезот е слободен, од прилика ни требаше два месеца за да ги спремаме овие песни, затоа што некои од песните ни беа непознати.”, вели Лазаревски
Меѓу песните што ќе бидат изведени се „Разболела се Ленка Пингова“, „Мери Томчо стојрам алва“, „Марије млада невесто, елај се Маре потурчи“, како и песната за Рајна Бурева.
Иван Митев, М-Нет