Работнички го доби вечното дерби со МЗТ Скопје Аеродром, следното коло „штрковите“ против ГКК Штип

Работнички останува непоразен лидер и се зацврсти на врвот од табелата откако го доби „вечното дерби“ против МЗТ Скопје Аеродром со резулта од 60:74 во СЦ „Јане Сандански“, меч со кој се комплетираше 7. коло на Суперлигата. „Штрковите“ следното коло против ГКК Штип ќе бараат експресно враќање на победите

„Црвено-белите“ ја продолжуваат победничката низа на максимални седум победи.

Пресудно за поразот на шампионот беше третата четвртина. Мечот започна доста израмнето откако Работнички во првата четвртина беше подобар со 16:17, а во втората МЗТ беше подобар со 22:18, а во третата четвртина шампионот буквално беше очаен губејќи ја четвртината со 6:21 и тука беше направена разликата која ја донесе победата за Работнички.

Ефремовски беше најефикасен во победничкиот состав со 17 поени, на кои придодаде шест скока и две украдени топки. Елингсворт оствари дабл-дабл учинок од 14 поени и 10 скока, додека Рикиќ заврши со 12 поени и девет скока.

Кај МЗТ Скопје Аеродром, Мекиќ беше најдобар поединец со дабл-дабл од 16 поени и 11 скока, дополнети со шест асистенции, додека Војдан Стојановски постигна 10 поени.

„Штрковите“ во следното коло против Штип ќе бараат експресно враќање на победите, но штипјани со форма од три победи во низа ќе сакаат триумф и против шампионот за продолжување на оваа голема победничка низа.

Сега на врвот од табелата е Работнички со 14 бодови и максимален ефект, втор е МЗТ Скопје Аеродром со 12 бодови, а три екипи имаат по 11 бода, тоа се МКК Куманово, Тиквеш и ТФТ, со по десет бодови, Кожув и Штип го делат шестото место на табелата.

Пелистер и Струмица имаат по девет бода за делба на осмата позиција, а на дното е Скопје со осум бодови.

Александар Ванев, М-Нет