Баскет Кам го загуби дербито со шампионот Крива Паланка, Бадел без проблеми го доби Патриот во Делчево

Поранешниот шампион Баскет Кам од Македонска Каменица го загуби дербито со шампионот Крива Паланка со резултат од 82:66 во рамките на 4. коло на кошаркарската Суперлига.

Првата четвртина најави одлично издание за кошаркарките на Крива Паланка, откако истата шампионот ја доби со 20:12. Во втората чевртина гостинот од малото рударско гратче се стабилизираше, но истата ја загуби со 17:15. Во третата четвртина Крива Паланка беше подобра со 19:15 и веќе беше најавена голема победа, откако последната четвртина му припадна на домаќинот со 26:24.

Прво име кај победничкиот тим беше Таниа Гордон, која оствари извонреден учинок од 31 поен, 19 скока и седум асистенции. Значаен придонес имаше и Груевска со 21 поен, четири скока и три асистенции.

Кај Баскет Кам, кој го претрпе вториот последователен пораз, најефикасна беше Митева со 26 поени. Адамовска забележа дабл-дабл од 18 поени и 13 скока, дополнет со пет асистенции, додека Дојчинова постигна 12 поени.

Кошаркарите на Патриот го претрпеа четвртиот пораз во низа откако во Делчево пред домашната публика беа поразени од фаворитот Бадел со 41:65.

Домашниот тим имаше катастрофално издание во втората и третата четвртина откако првата ја загуби со 10:15, во втората постигна само пет поени и ја загуби со 5:23, а пак во третата загуби со 9:17. Во последната четвртина „патриотките“ беа подобри со 17:10 за пораз од конечни 41:65.

Николов беше најефикасна во составот на Бадел со 19 поени, на кои придодаде шест скока и шест асистенции. Клири го заврши натпреварот со 13 поени и четири скока.

Во редовите на Патриот прва беше Стоименовска постигна 16 поени.

Вардар го доби мечот со Пробаскет за максимален ефект во Суперлигата со резултат од 88:73. Првата четвртина заврши со 15:15, а во следните три четврти подобар беше Вардар со 21:16, 25:16 и во последната со тесни 27:26.

Натпреварот меѓу Гевгелија – МЗТ Скопје Аеродром е одложен.

Вардар и Бадел имаат максимални осум бодови, Крива Паланка и Баскет Kам по шест за делба на третото место, Пробаскет е петти со пет бодови, а по четири бода имаат МЗТ и Гевгелија, овие две екипи дополнително ќе се соочат, а на дното со четири бодови од четири порази е Патриот од Делчево.

Александар Ванев, М-Нет