
Да се исфрлат екраните од училниците за помладите ученици бараат дел од штипјани, со цел децата повеќе да читаат од книги, да пишуваат во тетратки и да ја подобрат писменоста. Сметаат дека своерачното пишување помага за подобро помнење, вежбање на ракописот и полесно совладување на материјалот. Посочуваат дека децата сè почесто имаат потешкотии со читањето, пишувањето и основните математички операции.
Граѓаните се децидни дека децата полека забораваат да читаат и пишуваат, бидејќи сè помалку имаат навика да посегнат по книга или да пишуваат на хартија.
Шведска постепено го намалува користењето на дигиталните уреди кај најмладите ученици и се враќа кон традиционалниот начин на учење – читање печатени книги и пишување со пенкало на хартија, со цел подобрување на писменоста, концентрацијата и основните вештини кај децата.
Ева Тушевска, М-Нет