
На 08.11.2026 во 02:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Б.М.(35) од село Нивичани, кочанско. Претходно тој управувајќи патничко возило „форд“ со кочански регистерски ознаки учествувал во сообраќајна незгода, а при преземени мерки полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,03 промили алкохол во организмот. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.