Се става зелка во буре традиционално за Митровден во Штип, се очекува за месец дена да биде готова

Зелка за во буре веќе почна да се купува на штипскиот пазар. Како што налага традицијата, граѓаните и оваа година за Митровден ги полнат бурињата, за во зима да имаат домашна кисела зелка. Велат ставањето нема некоја филозофија, потребни се само зелка, вода и сол. Потоа е потребно преточување и чекање околу еден месец истата да скисели, па потоа да почнат традиционалните јадења со зелка.

Како што тврди Васил Атанасов од село Воиславци, зелката годианва се нуди по 40 денари за килограм. Центата велат евтина, иако летово работата чинела многу пот, труд и грижа.

Инаку, ставањето зелка е традиција која се уште се почитува во Штип. Граѓаните масовно купуваат со поголема количина за целото семјство. Од денес па до крајот на месецот, тие тврдат зелакта ќе биде готова.

Иван Митев, М-Нет