Почна изградбата на нов резервоар за водоснабдување во населбата Каваклија во Штип

Почнаа активностите за изградба на нов резервоар за водоснабдување со капацитетност од 400 метри кубни во населбата Каваклија во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, истакна дека резервоарот претставува долгогодишна потреба на жителите и значаен инфраструктурен проект за подобрување на водоснабдувањето во населбите Каваклија и Суитлак.

,,Овде се почнати активности за изградба на нов резервоар за водоснабдување со капацитетност од 400 метри кубни, водоснабдување на дел од градот кој досега и во минатото имаше големи проблеми со притисокот на вода и воопшто со водоснабдувањето. Преку овој резервоар кој во изминатите години секогаш се комуницирал како неопходна потреба, пред се за задоволување на нормалните услови за функционирање на веќе постоечките населби наоколу и за идно планирање на нова инфраструктура и нови домакинства. Ќе се водоснабдуваат населбата Каваклија, населбата Суитлак, нешто кое како потреба низ годините наназад. Она што сакам да го потенцирам е дека од буџетот на Општина Штип, од парите на граѓаните се издвоени 12 милиони денари и веќе активностите се видливи на терен“, рече Јорданов

Со ставањето на фукнција на овој резервоар, како и на резервоарите во Пребег и Мери, капацитетноста на градот, според градоначалникот Јорданов двојно ќе се зголеми, воедни ќе се репи и проблемот со водоснабдувањето. Тој најави дека со овие инфраструктурни инвестиции ќе се создадат и услови за урбанизација и проширување на градот во наредните години.

,,Со овој резервоар и со резервоарите кои ги направивме, тоа се резервоарите Пребег и Мери, кои исто кога ќе бидат ставени во функција, капацитетноста на градот за водоснабдување двојно ќе се зголеми и со тоа се решева деценискиот проблем кој Штип некогаш го имаше за водоснабдување на високите зони, но и за идно планирање за развој на нашиот град. Штип во годините кои следуваат ќе се проширува, цира Јорданов ќе се гради, а ние го планираме идниот развој на нашиот град, затоа што ваквите инфраструктурни капитални проекти овозможуваат да имаме урбанизација на одредени делови во градот, кои досега не биле урбанизирани. И јас верувам дека тоа кое што се посакува, дека со годините што следуваат Штип ќе прерасне во вистински регионален центар затоа што интересот на околните градови е да домуваат во Штип“, потен

За активностите на овој резервоарите издвоени се 12 милиони денари од буџетот на општината, а новиот резервоар како што рече градоначалникот Јорданов се очекува да биде ставен во функција во првата половина на 2027 година.

Ева Тушевска, М-Нет