Околу 150 ученици ќе трчаат во Штип – утре се одржува традиционалната Ноќна трка по повод Денот на ослободувањето

Штип утревечер повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8 ноември – Денот на ослободувањето на Штип, во петок со почеток од 18 часот ќе се одржи традиционалната Ноќна трка, на која се очекува да учествуваат околу 150 натпреварувачи.

Станува збор за спортска манифестација со долгогодишна традиција, која со децении е дел од активностите на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Штип.

И годинава трката ќе обедини учесници од различни возрани категории и институции, кои преку спортот ќе го одбележат празникот на градот.

Традиционалната Ноќта трка која ќе започне во 18 часот ќе биде на улица „Васил Главинов“ потег од мостот кај Соборен храм „Св. Никола“ кон гимназијата „Славчо Стојменски“.

Сите пријавени учесници треба да бидат присутни во дворот на гимназијата најдоцна до 17:30 часот, од каде што ќе следуваат подготовките за почетокот на трката.

На годинашното издание се очекува учество на околу 150 натпреварувачи. Во трката ќе биде вклучени ученици од основите и средните училишта во Штип, како и претставници од Армијата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Ноќната трка е препознатлви дел од спортската традиција на Штип и манифестација која се одржува долги години по повод Денот на ослободувањето на градот.

Низ годините, повеќе генерации штипјани имале можност да бидат дел од оваа спротска активност, која покрај натпреварувачкиот карактер има и симболично значење.

Преку трката се промовираат спортот, физичката активност и здравите животни навики, а воедно се негува традицијата на одбележување на 8 ноември.

Посебно значајно е учеството на учениците од основните и средните училишта, кои преку ваквите манифестации добиваат можност да се вклучат во организирани спортски активности и да го почувствуваат натпреварувачкиот дух.

Александар Ванев, М-Нет