Во тек е полициска акција со претреси на повеќе локации, во рамки на истрага за изнуда, перење пари и несовесно работење во службата, потврди Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Oттука соопштија дека јавен обвинител ги координира дејствијата на полициските службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.
„Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се вршат повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривични дела ‘изнуда’, ‘перење пари и други приноси од казниво дело’ и ‘несовесно работење во службата’“, соопштија од Обвинителството.
Претходно денеска, дел од медиумите објавија дека засилено полициско присуство е забележано во Куманово, каде што се спроведува акција насочена кон организирана криминална група. Според информациите групата којашто подолг период дејствувала во Куманово и поширокиот регион се поврзува со изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени.
Текстот Претреси за изнуда и перење пари, во тек полициска акција е превземен од МАКФАКС.