
Достоинствени плати и почитување на работничките права се клучни услови за задржување на работниците, но и аларм за државата и работодавачите по статистиката на државниот завод дека паѓа бројот на вработени во индустријата во Македонија. Претседателката на „Гласен Текстилец“ од Штип, Кристина Ампева, вели дека мора да се утврдат причините за овој пад, дали станува збор за отпуштања, миграција или пензионирање. Таа рече дека особено загрижувачки е фактот што работниците кои остануваат без работа често не ги добиваат ниту заработените плати, ниту дополнителното К-15. Бара институциите да преземат конкретни мерки за заштита на работниците и зачувување на работните места.
,,Мора да се утврди и од што е предизвикан тој пад. Дали тоа се отпуштања и затворања на фабрики, заминување на работници во странство или не знам миграција, или пак пензионирање. Меѓутоа од оваа наша работа на терен изминатиот период можеме да видиме од корана па наваму, меѓутоа и за претходната една година да видиме колку се ранливи работниците и работничките од приватниот сектор кога остануваат без работа. Меѓутоа особено е загрижувачки фактот кога остануваат без исплатени плати и придонеси. И затоа ние се буниме, едноставно преку вас медиумите ја истакнуваме потребата, токму институциите кои што се платени од нас граѓаните да си ја вршат соодветно работата. Вие бевте сведок како пред фирма европа феш, ферматекс, германски холдинг кај што над 100 работници ја изгубија работата. Меѓутоа не само работата, туку останаа и без три палти и к-15.“, кажа Ампева
Институциите, Ампева вели мора да бидат во корист на граѓаните, а не во корист на како што ги нарече таа криминалци кои затвораат фабрики и оставаат без работа работници со неколку неисплатени плати.
,,Ова треба да биде аларм и за државата и за работодавачите, за задржување на работниците си бара достоинствени плати, почитување на работничките права. Меѓутоа за државата треба да значи мерки за зачувување на работни места, но и поддршка на оние луѓе кои што останале без работа, инситуциите да бидат во корист на граѓаните, а не во кримуси кои што затвораат и ги оставаат без неколку плати.“, вели Aмпева
За дел од случаите се бара помош и од институциите во Германија за исплата на заостанатите плати, додека за други се уште нема решение, бидејќи станува збор за странски работодавачи.
,,За неколку да за неколку фирми, за неколку не. Конкретно за Европа фешн, ферматекс, ја водиме постпаката пред министерстовото за економија и енергетика во Германија, ќе видиме што и како. Тие бараат медијација за да се исплатат платите, прифатен е нашиот предмет што е голем успех за организацијата дека еве на меѓународно ниво препознаени се нашите постапки како веродостојни, доказите се прифатени како веродостојни, меѓутоа сепак се надевам дека таму надлежните ќе преземат мерки и ќе можеме за конкретнава фирма. За останатите за некои сме во исчекување на плата, за некои за жал не, бидјеки тоа се странски државјани, иако сме алармирале кај институциите навремено, сепак повторно ќе речам работниците остануваат најранливи кога се затвораат фабрики, бидејки остануваат без неколку плати.“, рече Ампева
Според податоците на дзс бројот на работниците во индустријата е намален за речиси три % во септември 2026 во однос на септември 2025 година.
Бројот на работниците во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %.
Иван Митев, М-Нет