
Здружениеto на слепи лица Штип огранизира традиционален хуманитарен концерт што ќе се одржи утре, 4 ноември во Домот на културата Aцо Шопов во Штип, со почеток од 17 часот. Драги Витанов ги најави имињата на изведувачите кои ќе се настапат утре.
,,Според програмата за работа, Здружението на слепи лица на град Штип на 4 ноември, утре, среда, организираме традиционален хуманитарен концерт. Оваа година на концертот ќе учествуваат популарни личности или гости, како Орце Стефковски, Марјан Коцев, Ранко Рангелов, Емилија Иванова, Раде Рогожаров, Горан Мусев, Милан Коцев, ние од Здружението на слепи лица Штип ќе настапиме со наши двајца пејаци, ќе настапат и Здружението на слепи лица Кочани, кадешто тоа го практикуваме еве веќе долги години“, покани Витанов
Витанов ги поканува сите заинтересирани љубители на музиката да дојдат и да уживаат во прекрасната атмосфера.
,,И, се надевам дека и оваа година ќе има доста интерес, ги повикувам да дојдат штипјани да се расположат. Ќе има навистина гости кои ќе направат една навистина одлчна атмосфера во Домот на културата. Цената на билетите е сто денари, ги има на билетарата во Домот на културата“, рече Витанов
На концертот ќе настапат и двајца пејачи од здружението, како и гости од Здружениеto на слепи лица Кочани.
Eва Тушевска, М-Нет