
Вкупно 200 невработени лица од Источниот регион кои со години работат во домашни услови или во приватни бизниси без соодветна диплома, сега добиваат шанса официјално да го формализираат својот занает. Оваа можност ја нуди мерка за валидација на стручни квалификации, која во работните клубови на центрите за вработување ќе се спроведува секој работен ден од 9 до 14 часот, со рок на пријавување до 20 ноември. По поднесувањето на апликациите, кандидатите ќе бидат упатени во државното средно училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, каде стручна комисија ќе изврши верификација на нивните практични вештини.
,,Во тек е мерката Валидација на стручни кфалификации за сите невработени лица што се во источниот регион. Самата мерка овозможува формализирање на сите стручни компетеции на невработените лица, кои неформално или инфомрлано досега имаат стекнато некој вештини. Самата мерка е во тек, ќе трае до 20 ноември. Ги повикувам сите невработени лица од овој регион источниот да дојдат во центарот за вработување, да поднесат аликација, а потоа ќе ги поратиме во државното средно училиште Коле Нехтенин за валидацијана самите нивни занимања. Значи дека сите досега неформално што работеле во некои бизниси, сопствени или домашни услови, сега да си го формализираат своето со еден сертификат, кои понатаму ќе ги користи за идното вработување. Основните услови се лицата да имаат минимум основно образование, да се пријавени во центарот за вработување во Штип и тоа е.“, вели Димчов
Како што појаснува директорката Јованка Шалева, училиштето „Коле Нехтенин“ е целосно подготвено да ги тестира и верификува знаењата на кандидатите од целиот регион. Преку оваа мерка, сите со занает за електричари, веб-администратори, готвачи, баристи, слаткари или механичари, конечно ќе добијат официјален сертификат во рака за поголема плата или полесно вработување.
,,Значи повикот не е само за невработени од Штип, туку и за целиот регион и ги повикуваме за информации во нашето училиште , а инаку во изминатиот период ние како училиште добивме валидација односно верификација за шест квалификации и тоа, од секторот електротехника и иформатика можеме да валидираме знаења од квалификациите администратор на веб страница и електричат. Од секторот угостителство и туризам готвач и , баристар и слаткар и од секторот машинство машински механичар. Ги повикуваме сите невработени кои што сакаат да го валидираат своето знаење стекнато на или формален или не начин претходно, да дојдат, да донесат потребна докумантација и да ги упатиме што треба дополнително да донесат и врз база на тоа што некаде тоа го научиле ние да им дадеме сертификат кои што понатаму ќе им овозможи да се вработат или пак да добијат поголема плата.“, вели Шалева
Како што посочија и од училиштето и од центарот за вработување во Штип, интерес има, бидејки како што потенцираа многу лица кои што се со основно образование ги немаат документите од средно образование.
Иван Митев, М-Нет