
По десет кола Пелистер остана единствениот непоразен тим во Втората лига, околу самиот врв на табелата е навистина густо, а во долниот дел без значајни промени во однос на претходното деветто коло.
Охрид го чува првото место со 25 бодови, еден повеќе од Пелистер кој е втор на табелата, додека пак Работнички е на третото место со 21 бод, но има меч помалку тој со Брера која е четврта со 18 бодови. Од тие три бода ќе зависат многу работи до крајот на есенскиот дел и кој тим од која позиција ќе го стартува пролетниот дел.
На петтата позиција е Камјани со 17 бодови, со што сега и дебитантот фаќа залет кон топ четири зоната. Тетекс, Беласица и Кожуф го делат шестото место со по 13 бодови.
Беласица го запиша првиот сезонски пораз, откако вчера загуби од Работнички со 3:1. Македонија ЃП по десеттотo коло е на деветтото место со 12 бодови, а пак Детонит Плачковица со девет бодови е на десеттата позциија.
Новаци е во резултатска криза и го држи 11. место со осум бодови, а во опасната зона нема промени. Еуромилк и Осогово се израмнети со по седум бодови, а на дното е Шкупи без бодови.
Александар Ванев, М-Нет