Шкендија ги освои бодовите во Штип, Брегалница не искористи пенал во последната минута, реми на Шкендија Арачиново и Тиквеш

Шкендија ги освои трите бодови, Брегалница не реализираше пенал во 94. минута за реми, Шкендија Арачиново и Тиквеш ги поделија бодовите.

Вицешампионот Шкенидја успеа да го освои градот под Исарот откако ја доби Брегалница со 1:2 во еден неизвесен и тврд меч, Ндзенгуе по само три минути обезбеди предност за тетовскиот тим, а пак Стојкоски во 39. минута израмни на за 1:1 во првиот дел.

Во второто полувреме долго време и двете екипи се обидуваа да го постигнат вториот гол, а истиот го постигна Ѓорѓиевски во 74. минута за водство на Шкендија од 1:2.

Брегалница имаше можност во 94. минута да казни од пенал за реми и бод, но Иван Николов не успеа да реализира, откако неговиот удар од белата точка го одбрани Гаје.

Во следното коло Брегалница ќе гостува кај Башкими во обид да се врати на победите, а пак Шкендија ја очекува дерби против Струга Трим Лум.

Шкендија Арачиново и Тиквеш ги поделија бодовите откако двете екипи одиграа 1:1 за делба на бодовите. Домаќинот рано дојде до почетна предност откако Симоновски погоди во 6. минута од средбата, а гостинот од Кавадарци до бодот стигна со голот на Лусијанињо во 76. минута.

12-тото коло ќе се комплетира денес.

Александар Ванев, М-Нет