
Реновирањето на домот се повеќе станува луксуз за граѓаните во Штип. Само за промена на прозорците и вратите, дел од нив велат дека издвоиле и до 4.000 евра. Цените на материјалите и мајсторските услуги дополнително ги зголемуваат трошоците, па и најмалото освежување на домот може да чини неколку илјади евра. Дали штипјани се одлучуваат да ги реновираат своите домови и колку ги чини тоа?
Граѓаните велат дека за реновирањето ги потрошиле речиси сите заштедени пари, само ова лето издвоиле неколку илјади евра за да си го средат домот.
За многумина, средувањето на домот значи поубаво живеење, но и празнење на домашниот буџет.
Иван Митев, М-Нет