
Плацевите за малата индустриска зона кај селото Таринци и за новата станбена населба „Вршник“ во Општина Карбинци се очекува да бидат понудени на продажба следната година. Градоначалникот Виктор Паунов од гостувањето во емисијата Зум анализа на М-Нет телевизија, рече дека петте плацеви за лесна и незагадувачка индустрија ќе бидат подготвени најдоцна до почетокот на следната година. Во новата станбена населба „Вршник“ се предвидени над 100 плацеви за семејни куќи, а општината подготвува и три бесплатни типски проекти за идните купувачи.
,,Ова е помала индустриска зона кај селото Тринци каде што се предвидуваат пет плацеви, каде што се предвидени пет плацеви за лесна незагадувачка инустрија и се во завршна фаза, очекувам некаде до крајот на годината или почетокот на следната година да бидат предмет на продажба, со тоа што веднаш би започнале со целосна градба и на инфраструктурата внатре во овој потег, а и оние кои што ќе купат ќе имаат законски рокови кои што ќе треба да ги испочитуваат за да ги изградат своите објкети по соодветната намена.“, вели Паунов
Во новата населба „Вршник“, Паунов вели дека општината подготвува три модели на куќи, со цел да се спречат дивоградби и неплански доградби и да се задржи истиот изглед на населбата.
,,Урбанизација на еден блок до селото Таринци или тоа е поширување на постоечкиот урбанистички план за село Таринци со површина од 10 хектари и е со намена за семјно домување А1, односно семејно домување во станбени објекти, односно куќи и е се предвидуваат 100 тина, односно над 100 плацеви, кои што ќе бидат достпани за граѓаните да си купат и изградат куќа. На овој потег општина работи и на проектирање на типот на куќи, затоа што ова ќе биде типска населба, ја насловивме под насловот Вршник, кое е старото име на селото Таринци на една локација која што е блиску до овој потег и општината проектира три типа на куќи, три модели на куќи, кои што ќе бидат бесплатно како проекти дадени на купувачите на плацеви, а обврската на нив би била да ја изградат овој тип на куќа, се со цел да се спречи дивоизградени објекти, дивоизградени доградби, надградби и слично, туку да се задржи концептот на населбата, токму од овој тип на овие три типа на куќи и мислам дека сега ова се работи, сме во една една средишна фаза. Очекувам исто така следната година да почнеме со продажба на истит и да започне градбата на оваа наслеба, која што врпочем ќе трае повеќе години. Понатаму затоа се предвидува развој на долг план.“, додава Паунов
По купувањето на плацот, Паунов истака дека купувачот ќе го добие проектот за куќа, со кој ќе може да аплицира за одобрение за градба. Со плаќањето на комуналиите ќе го добие одобрението и веднаш ќе може да започне со изградба на куќата, со целосна техничка документација.
Иван Митев, М-Нет