Штедат ли штипјани и покрај сите трошоци успеваат ли да остават пари настрана?

Штедат ли штипјани финансиски средства? По повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, на терен ги прашавме граѓаните дали успеваат да заштедат дел од своите месечни приходи и дали на крајот од месецот им остануваат пари настрана. Анкетираните граѓани истакнаа дека со внимателно и одговорно управување со личните финансии може да се заштеди дел од приходите.

Дел од штипјани велат дека се откажале од одморите и одредени задоволства за да заштедат пари, додека други, пак, сметаат дека со правилно планирање на семејниот буџет и контролирање на трошоците може да се создаде солидна заштеда.

Секоја година, Светскиот ден на штедењето се одбележува со низа кампањи и активности со цел да се подигне свеста за важноста на штедењето и одговорното управување со личните финансии. Штедењето е важен чекор кон подобра иднина, финансиска стабилност и поголемо чувство на сигурност.

Ева Тушевска, М-Нет