Започнува продажбата на билети за мечот меѓу Македонија и Словенија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираше дека на 2 ноември ќе започне продажбата на влезниците за натпреварот во Скопје меѓу Македонија и Словенија, кој ќе се одигра на 16 ноември.

„Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Словенија, кој ќе се одигра на 16 ноември (понеделник) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе започне на 2 ноември (понеделник).

За овој натпревар од 5. коло во Лига на Нации / група Б, цената на билетот ќе изнесува 500 денари. Влезниците ќе можат да се набават исклучиво преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk“, велат од ФФМ.

Александар Ванев, М-Нет