Дерби на два поранешни шампиони во Македонска Каменица: ЖФК Каменица Саса против ЖФК Љуботен

ФОТО: Александар Ванев | АРХИВА

Утре ќе биде комплетирано 10. коло на Првата женска фудбалска лига со четири мечеви, а кое коло беше отворено во средата со мечот меѓу Кочани и Скопје, каде актуелниот шампион со 0:7 го декласираше „фенерџијата“.

Десеттата рунда носи дерби пресметка во Македонска Каменица меѓу два поранешни шампиони – Каменица Саса против Љуботен. „Рударките“ ќе бараат враќање на победите по поразот од Скопје, а пак гостинот од Тетово ќе има цел да ги освои трите бодови за да се врати на лидерското место. За тимот од Македонска Каменица ова е второ дерби во низа.

Пелистер на домашен терен ќе игра против Тиверија Брера каде трите бодови се клучни и за двете екипи кои се обидуваат да го следат лидерот, особено тимот од Струмица.

Ас Јунајтед ќе бара излез од резутлатската криза бидејќи има пет порази во низа против Речица. Дуел е важен бидејќи е дерби од дното на табелата. Ако Речица триумфира во Струга тогаш ќе излезе од бараж зоната, а пак стружанки ќе завршат во бараж зоната. Ас Јунајтед со трите бодови доколку го освои против Речица тогаш ќе се одлепи од бараж зоната.

Истатов на домашен терен ќе игра против Вардар, каде домаќинот сака да врзе втора победа во низа, а пак Вардар четврта.

Александар Ванев, М-Нет