
Третото коло на Првата футсал лига ќе се игра во неколку денови, а ќе биде отворено утре, со натпреварот во Валандово меѓу Проект и Бутел, дерби дуел каде шампионот ќе има нов предизвик против гостинот кој ќе сака да се докаже и да го изненади домаќинот кој ја брани двојната круна.
Во понеделник (26 октомври) ќе се одиграат три средби. Поранешниот шампион Форца ќе игра против СЕЕ Университи, домаќинот е фаворит за трите бодови, Кеги Моби ќе бара рехабилитација против Јувентус Серава, кој пак ќе бара први бодови, а Осогово на домашен терен во Крива Паланка ќе има тешка задача против Шкупи, кој ќе биде фаворит.
Колото се затвара на 30 октомври со мечот меѓу Клими и Железарец.
По две кола Бутел и Проект имаат максимални шест бода за делба на врвот, Шкупи и Форца имаат по четири бода за делба на третото место, Кеги Моби е петти со три бода, по еден бод имаат СЕЕ Университи, Железарец, Осогово и Клими, на дното без бодови е Јувентус Серава.
Александар Ванев, М-Нет