Нема исплата на премиите за предаденото млеко на сточарите, со скапа нафта и храна велат ситуацијата е тешка

Без исплатени премии за предаденото млеко остануваат сточарите од делчевско. Велат дека нафтата, храната за добитокот и ѓубривата се прескапи, а парите што ги добиваат за млекото не се доволни да ги покријат трошоците. Рано стануваат, по цел ден работат, но на крајот наместо заработка, им остануваат загуби.Марјан Стојановски, еден од нив, вели дека млекото го продава за 30 денари за литар, но ниту таа цена не е доволна да ги покрие високите трошоци, па сточарите веќе работат со загуби.

,,Премијата за млекото не ни е исплатена. 20 посто регистриран земјоделец исто, како и дополнителни некои доплати, постини сметки. Скапа нафта, не може да се работи. Ѓубре скапо, нафта скапа, земјоделците ќе патуваме. Te веќе две години немаат пуштено. Гледај сега различно се продава млекото. Јас моменталного давам во Смојмирово моментлано 30 денари. Има и една кочаснка млекара она го плаќа категорично, за тие што даваат повеќе млеко по поголема цена, тие што се се помалку два денари помалку. Не, на таа скапа нафта, на таа скапа храна, па и ѓубре и по 50 денари да ни го плаќаат па нема да се покриеме и нема да бидеме задоволни. Тоа е чисто така тие што останаме тука по некој на тоа што сме се нафатиле и мислиме дека ако преќинеме крај свет сме и нема каде да одиме, а не е тоа така. Мислам дека моментално работиме под загуби.“, рече Стојановски

Иако условот е месечно да предаваат најмалку 300 литри млеко во млекарница, Стојановски вели дека тие предаваат и по пет до шест тони, но сепак немаат добиено никаква исплата. Тој додава дека количините варираат во зависност од периодот и производството на добитокот.

,,Немаме ништо исплатено, а велат ако месечно имаш предадено најмалку 300 литри во млекара, а ако нема не те следува. Ние правиме и по 5, 6 тони. Не е тоа постојано, периодично зависи. Летото имавме, сега опагаме, не е тоа чешма нон стоп да има. Имаат и кравите и овците прекини. Имаат стелност, имаат месеци каде што треба да одморат и пребродат пред телење. Но условите во глобала ги опфакаме.“, вели Стојановски

Сточарите дополнително велат дека после нив, немаат наследници, бидејки како што велат младите не сакаат да се занимаваат со оваа гранка, имајки предвид дека раобтата е напорна, физичка и потешко исплатлива.

Иван Митев, М-Нет