
Општина Штип објави нов јавен повик за доделување награди и стипендии за учениците кои постигнале особени успеси на државни и меѓународни натпревари. Повикот се однесува на учениците од основните и средните општински училишта за учебната 2025/2026 година. Заинтересираните ученици можат да ги проверат условите за пријавување и потребната документација. Деталите за начинот на аплицирање се наведени во јавниот повик.
„Општина Штип ги известува учениците од основните и средните општински училишта дека е објавен Јавен повик за пријавување за доделување награди и стипендии за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари во учебната 2025/2026 година.“, велат од Општина Штип
Инаку, целта на повикот е да се поддржат успешните ученици, да се вреднува нивниот труд и знаење и да се мотивираат за постигнување уште поголеми успеси во иднина.
Иван Митев, М-Нет