Започна вакцинацијата против сезонски грип во Штип, обезбедени 1.100 дози, граѓаните се вакцинираат

Официјално започна вакцинацијата против сезонски грип и во Штип, каде што денеска беа имунизирани првите граѓани, информира д-р Јасмина Саздовска од Центарот за јавно здравје. За целиот центар се обезбедени 1.900 дози вакцини, од кои 1.100 се наменети за Штип, а во наредниот период се очекуваат дополнителни количини. Граѓаните кои припаѓаат на ризичните групи можат да се пријават за вакцинација преку веб-страницата вакцинација.мк. Од ЦЈЗ Штип апелираат граѓаните да се придржуваат до добиените термини за вакцинација, кои ги добиваат преку СМС-порака.

,,Денес официјално започна вакцинацијата против сезонски грип. Сите граѓани можат да се пријават како и претходните години преку линкот на вакцинација точка мк. и дололку се во тие ризични групи. Нас министерството за здравство ни има обезбедено вкупно 1900 дози како цел центар. За Штип се 1100 дози, така да во иднина очекуваме допуна на тие количини. Денеска официјално започнавме, ги имунизиравме првите граѓани. Ние немаме увид во бројката на пријавени граѓани, така да нас тоа само што ни го доставува министерството за здравство преку мои термин го знаеме, преку мој термин. Граѓаните препорачувам да се придржуваатдо терминот кои штио го добиле на нивните смс пораки, така да си го запазат сопствениот термин.“, вели Саздовска

Повозрасните граѓаните кои ги затекнавме во Центарот за јавно здравје и пред Здравствениот дом во Штип, велат дека се вакцинираат против сезонски грип бидејки така се чувствуваат посигурни. Секоја година ја примаат вакцината, сметајки дека полесно ќе го поминат периодот на грипови.

,,Дојдов од Ново Село сум да се вакцинирам. Ние сакаме да се заштитеме, да не не фаќа грип зимото.“, велат анкетираните граѓани

,,Обавезно секоја година се вакцинираме ние. На нас ни е убаво, па сега за другите не знаеме.“, додаваат анкетираните

Вакцинацијата против сезонски грип е особено важна за заштита од потешки форми на заболувањето и можни компликации. Особено се препорачува кај повозрасните лица, хронично болните, бремените жени и другите ризични категории граѓани.

Иван Митев, М-Нет