ДИЦ одржа состанок во Штип за подготовките за ТИМСС тестирањето на четвртооделенците и државната матура

Со цел да се подготват училиштата за меѓународното тестирање ТИМСС, со кое ќе се провери знаењето на учениците од четврто одделение по математика и природни науки, денеска во ООУ „Ванчо Прке“ во Штип се одржа состанок на претставници од Државниот испитен центар со директори на основни училишта од источниот регион. Тестирањето ќе се спроведе напролет, во учебната 2026/2027 година, а ќе бидат опфатени ученици од 155 основни училишта во државата. Дополнително, во вториот дел, се одржа и состанок со претставници од средните училишта за подготовките за државната матура.

,,ТИМС е меѓународна студија која штио се реализира и во нашата држава, како што се реализира и во многу други држави во светот. Станува збор за проверување на вештините на учениците од четврто одделние во делот на математика и природни науки. Во нашата држава во учебната 2026/2027 на пролет ќе имаме главно тестирање на оваа меѓународна студија, ќе бидат тестирани од четврто одделние. Значи циклично што се спроведува на неколку години, така што сега веќе трет циклус имаме тестирање во рамките на меѓународното тестирање. Целта е да видиме до каде се нашите ученици со знаења на меѓународно ниво и со вештини кои што ги поседуваат.“, вели Јовчевска-Михајловска

Покрај електронскиот тест, ќе се пополнуваат и прашалници за родителите, наставниците и учениците, со кои ќе се собираат податоци за факторите што влијаат врз нивните постигања

,,Значи нашето тестирање ќе бидат тестирани 155 основнио училишта, тоа се училишта кои што се по случаен избор, направени од страна на меѓународна организација која што го прави примерокот и ќе бидат избрани ученици исто ткаа од страна на меѓународнат организација. Тие ученици ќе бидат тестирани некаде крајот на април, почетокот на мај. По завршување на тестирањето се прави обработка на податоците. Покрај тестот, кој што учениците електорнски ќе го решаваат, ќе имаме ние и прашалник за родител, прашалник за наставник, прашалник за ученик-училиште и врз основа на тие прашалници, доагаме до низа податоци кои што влијаат на постигањата на учениците. По завршување а тестирањето се прави меѓународен извештај, кои што излегува во точно утврдено време и датум за сите земји истовремено, а потоа ние изготвуваме национален извештај.“, додава Јовчевска Михајловска

Oд ова тестирање како што соопштуваат од ДИЦ очекуваат да имаат најдоври резултати и да имаат најдобар извештај кој што ќе го постават. За таа цел тие сега имаат состаноци регионално во сите делови на државата.

Иван Митев, М-Нет