Жестоки протести најавуваат граѓаните на Пробиштип доколку се отвори новиот рудник на Плавица, стравуваат за сопственото здравјеСоветниците на СДСМ против рудникот Плавица, Тоневски: Нема да дозволам ново загадување

Веднаш да се повлече планот за изградба на нови рудници, бараат советниците на СДСМ од истокот на земјава. Предупредуваат дека планираните рударски активности на локалитетите Кадица и Плавица можат сериозно да ја загрозат животната средина, водните ресурси и здравјето на граѓаните.
,,Македонија не е на распродажба. Денеска советниците на СДСМ од истокот уште еднаш го креваат својот глас против отворањето на рудниците, кои се закана за здравјето, земјоделението и животната средна. На денешната јавна расправа, ќе се спротиставиме на новиот нацрт план за просторно планирање. Еве што значи овој план. Планираниот рудник во планинскиот пред Кадица, се наоѓа во заштитенито предл на малешевијата и со специфично емдемски видови растенија. Како е можно да се планриаат рудници во заштитени подрачја, без да се прикаже јасно влијанието врз природата и луѓето. Зошто не е приложена карта на ккоја ќе се види јасно преклопувањето на Кадица со зоните на малешево, водните извори, земјоделското земјиште, населените места и туристичките локалнитете. Рударските активности ќе ги закогразат водата, земјиштето и здравјето на граѓаните. Отворањето рудник за метали на Плавица носи ризик од долгорочна еколошка катастрофа , потенцијално загадување на површинските и подземните води, уништувањето на био диверзитетот и дирекна закана за здравјето на граѓаните. Во просторниот план, се предвидува дека Општина Пробиштип до 2040 година, ќе изгуби дури 29,4 процнети од населението и ќе се соочи со социјален колапс. Значи во докеумнтот се предвидува масовно иселување, а како решение за град што се празни се нуди нов површински коп за метали. Прашува за кого тогаш ќе се отвора тој рудник и кој ќе работи за увезената работна рака од Непал или Бангладеш. Како тогаш се планира нова рударска експанзија со дури 90 милиони тони руда на Плавциа, која претходно не е санирана и одстранета постојната еколошка штета во Пробиштип. Нјазагрижувачки е тоа што во планот се проектира дека во вкупната површина под екслоатација на критичните материјали во државата до 2040 година ќе се зголеми 5 пат, од 2 на 10 квадратни километри. “, вели Ристовска

По реакциите на советниците од СДСМ, нашата ТВ, се обрати до градоначалникот на Општиа Пробиштип Тони Тоневски. Неговиот став е дека тој како градоначалник нема да дозволи ново потенцијално загадување на животната средина. Вели дека за отворањето на Плавица се уште нема никакво барање.

„За вклучувањето на Плавица во Просторниот план, сите присутни добија одговор од овластени лица од Министерството за животна средина и просторно планирање, а за отворањето на Плавица се уште нема никакво барање. Доколку има барање, ќе се разгледа целата документација, ќе се прочита целата законска процедура со вклучување и на граѓаните. Јас како градоначалник и како жител на Пробиштип внимателно ќе ја следам целата постапка и нема да дозволам ново потенцијално загадување на живонтата средина.“, вели Тоневски

Дополнително советниците на СДСМ потенцираа дека природните богатства, водата, земјиштетот и здравјето на граѓанте не смеат да бидат продадени.

Иван Митев, М-Нет