Бегството на Ива Михаилова е поради најавеното доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, смета министерот Клековски

Бегството на Ива Михаилова во Бугарија е поради најавеното доаѓање на бугарскиот лекарски конзилиум, кој требало заедно со македонските лекари да ги проверат нејзините наводи, одговори денеска министерот за здравство Сашо Клековски, прашан за случајот со Михаилова, која деновиве ги напаѓа македонските здравствени власти дека не и било пружено соодветна здравствена зашита. Тој смета дека токму тогаш ќе се разјаснела здравствената состојба. Дополнително најави и тој ќе патува до Софија и ќе разговара со бугарското Министерство за здравство.

,,Бегството е поради доагањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари ги провери навдите на лицето. Мислам дека дека тогаш работите ќе излезеа на виделина какви се. Јас патувам во Сфоија ќе разговарам со нивното министерство, бидејки во основа таму нема здравствен случај.“, вели Клековски

Инаку, Ива Михаилова лани во октомври прави сообраќајна несреќа, во која што едно лице загинало, а неколку се повредени. Таа во текот на судскиот процес пред бугарската јавност, а кој се води во Основниот суд во Кочани се жалеше на дискриминација поради нејзиното двојно државјанство и македонско и бугарско, односно дека не и дозволено да се лекува во соседна Бугарија, каде што е нејзиниот татко Симеон Михаилов, кој има избегано во Бугарија по пресудата од 12,5 години затвор за случајот Детонатор. Во моментов македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива и по Симеон Михаилов.

Иван Митев, М-Нет