
По шест одиграни кола во ракометната Суперлига само шампионот Вардар има максималне ефект со шест од шест и 12 бодови на своето конто, со што тимот на Иван Чупиќ е на врвот од табелата. Зад Вардар е вицешампионот Еурофарм Пелистер кој има 11 бодови, односно бод помалку, а тимот на Лино Червар е со форма од пет победи и едно реми.
На третото место следува Алкалоид со 10 бодови, а пак Охрид е четврти со девет бодови.
Трката за последните две позиции во плеј-офот ќе биде повеќе од неизвесна, а за истата конкурираат повеќе екипи. Прилеп со осум бодови е на петтото место, Тиквеш е шести со седум бодови, следува Еурофарм Пелистер 2 како седмопласиран тим во македонската елита по шест кола со пет бода, а по три бода за делба на осмото место имаат Младост и Струга.
На десеттото место е Мулти Есенс со два бодови, а со по еден бод на долниот дел од табелата се екипите на Бутел и Куманово.
Првите шест позиции обезбедуваат плеј-оф, ако се знае дека првите четири места се „резервирани“ за водечката четворка во македонскиот ракомет, тогаш трката за петтото и шесттото место ќе биде пеколна.
Александар Ванев, М-Нет