Беласица се раздели со тренерот Мартин Алаѓозовски, кој кариерата ја продолжува во Кувајт

Беласица ќе добие нов тренер, откако струмичкиот клуб и досегашниот тренер Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, причината е продолжување на кариерата на Алаѓозовски во Кувајт.

Од Беласица изразија благодарност до Алаѓозовски за неговиот досегашен ангажман, посветеност и труд, притоа му посакаа многу среќа, здравје и успеси во понатамошната интернационална кариера.

Алаѓозовски, претходно беше тренер на Брера Струмица, а сега започнува меѓународна кариера.

Во следните денови треба да биде познато ново тренерско име, кој ќе биде наследник на Алаѓозовски, со што новиот тренер ќе дебитира во градското дерби против Брера.

Беласица по седум кола има две победи и пет ремија и со 11 бодови е на петтото место, а струмичани имаат пет бода помалку од лидерот Охрид.

Александар Ванев, М-Нет