Приведен 36-годишник во Македонска Каменица, физички ја нападнал сопругата

На 11.10.2026 во 00:50 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициско одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Б.С.(36) од Општина Македонска Каменица, по пријавен физички напад од неговата 30-годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.