Приведен пијан возач во Свети Николе, измерени 1,54 промили алкохол

На 11.10.2026 во 02:04 часот на ул.„Филип Втори“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.М.(36) од село Амзабегово, светиниколско. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „поло“ со светиниколски регистерски ознаки, кое тој го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,54 промили алкохол во организмот. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.