Со спортски игри и активности дечињата од градинките ја одбележаа Неделата на детето

Со заеднички настап на спортски игри, дечињата од големите групи во детските градинки ја одбележаа завршницата на Светската недела на детето. Директорката на градинката „Астибо“, Ивана Ангеличкова, истакна дека во текот на неделата биле организирани различни активности, изработки и претстави преку кои децата се запознале со своите права, но и со обврските.

,,Традиционално како и секоја година по повод Недела на детето и оваа година, дечињата од големите групи од детските градинки ја завршуваат неделата со еден заеднички настап на спортски игри со коишто ни кажуваат дека научиле дека тие имаат права и обврски. Во текот на целата недела во градинките се случуваа различни активности со коишто ние им ги покажавме нивните права, меѓутоа ги научивме и на нивните обврски од стилот на изработка на беџови, куклени претстави, соработка на градинките со ФОН и со Народната библиотека, имавме соработка, посета од уличиштата, од оснвоните училишта со кои заеднички направија работилници за да им докажат дека дечињата од детските градинки се стремеж да посетуваат училиште и така да ја заокружиме неделата и така го организиравме овој настан“, изјави Ангеличкова

Ангеличкова порача дека сите деца безразлика на верската и национална припадност се исти и имаат права.

,,Една од значајните пораки е дека сите деца се исти, сите деца имаат право безразлика на нивната верска и национална припадност, а преку спортските игри сакаме да и покажеме дека во здрав дух децата имаат здраво тело“, порача Ангеличкова

Инаку, на настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Штип кој на градинките им додели ваучери за подобрување на состојбите на градинките.

Ева Тушевска, М-Нет