Вардар Неготино против Работнички, победникот ќе биде последен патник во осминафиналето од Купот

Во среда ќе биде одигран последниот натпревар од 1/16 финалето од Купот на Македонија меѓу третолигашот Вардар Неготино и второлигашот Работнички, победникот од оваа средба ќе биде последниот патник во осминафиналето.

„Романтичарите“ кои минатата сезона испаднаа од Првата лига ќе бидат фаворити за триумф против ланскиот второлигаш, кој сега игра во Трета лига регион 4.

Досега пласман во осминафиналето обезбедија Тиквеш, Арсими, Башкими, Шкендија Арачиново, Каменица Саса, Скопје, Новаци, Беласица, Брегалница, Вардар, Струга Трим Лум, Пелистер, Македонија ЃП и Брера Струмица.

Силекс како освојувач на Купот на Македонија од ланската година има директен билет во осминафиналето.

Александар Ванев, М-Нет