Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9 октомври, во организација на Министерството за правда на Република Турција.
Самитот ги обединува министрите за правда од повеќе земји, високи претставници на правосудните институции и меѓународните организации, претставувајќи значајна платформа за дијалог, размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка во областа на правосудството.
Под мотото „Иднината на правдата: Заедничка одговорност за човештвото“, на Самитот ќе се дебатира за современите предизвици во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и потребата од зајакнување на соработката меѓу државите во справувањето со глобалните предизвици.
Текстот Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул е превземен од МАКФАКС.