
Наместо чипс, смоки и грицки, во училиштата ќе се препорачува здрава исхрана, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање од Карбини. Прашана дали по примерот на штипското ООУ Димитар Влаков и останатите училишта треба да воведат мерки за поздрава исхрана, Јаневска одговори дека МОН има потпишано меморандуми со невладини организации, како и со УНИЦЕФ и Светска банка, со кои работи на ова прашање. По спроведеното истражување, како што рече, утврдени се одредени неправилности во исхраната кај децата, по што се подготвуваат препораки кои ќе бидат испратени до училиштата. Јаневска даде пример дека наместо чипс, учениците би можеле да изберат јаболко.
,,МОН има потпишано меморандум со неколку невладини организации, кои навистина помагаат, но и со УНИЦЕФ и Светска банка во однос на здравата исхрана. Спорведено беше едно истражување и да утврдивме одредени неправилности во исхраната со децата, тоа е општо познато, ги направивме препораките и кога ќе се доврши целиот тој процес, ќе ги испратиме до училиштата за да знаат како да се организираат и децата да добијат здрав оброк. На пример наместо чипс, би можеле едно јаболко, иако децата повеќе сакаат и чипс и смоки, меѓутоа пак работа на наставниците и родителите е да ги насочат кон правилна исхрана.“, кажа Јаневска
Кога се во прашање мониблните телефони, кои исто така се забранети во ООУ Димитар Влахов во Штип, министерката Јаневска смета дека апослтуно не се потребни за време на наставата, додавајки дека чениците не треба да бидат вознемирувани од брзите слики и тик ток содржини за време на час.
,,Што се однесува до мобилните телефони, апсолутно сметам дека тие на часот не се потребни. Во огромен број во училишта тие се оставаат на страна за време на часот, со исклучок кога имаат некаква настава, ако немаат смарт табла, лаптопи или компјутер, може наставникот да побара да ги земат телефонтие и да сработат нешто, но со оглет на тоа дека интензивно ги опремуваме сите училишта со паменти табли, лаптопи, компјутери, со мрежа и безжичен интернет, сметаме дека полека, полека, употребата на телефоните во училиштата комплетно ќе се изгуби и да, децата не смеат да бидат вознемирувани од брзите слики и тик ток содржини за време на час. Тие треба да бидат сконцентрирани на она што наставникот го предава.“, додава Јаневска
По воведените правила во именуваното училиште, Директорот на ООУ Димитар Влахов, Дејан Здравков, вели дека значително е подобрена комуникацијата помеѓу учениците и децата јадат поздрава исхрана.
Инаку, целта на овие мерки е поквалитетна настава, поздрава исхрана и поздрава и квалитетна комуникација и помеѓу учениците, но и помеѓу ученикот и наставникот.
Иван Митев, М-Нет