Паунов: Имаме поквалитетна настава со групирањето на учениците, родителите се задоволни, превозот е организиран

Поединечни паралелки и поквалитетна настава добиваат учениците со оптимизацијата на паралелките во Општина Карбинци. Градоначалникот Виктор Паунов тврди дека по еден месец од почетокот на наставата, процесот се одвива беспрекорно, а задоволството е изразено и кај учениците и кај родителите. Тој посочи дека училиштето навремено и организирано го спроведува и превозот на учениците.

,,Учениците од Долни Балван се оптимизирани, односно се групирани со учениците во село Таринци, учениците од с. Оџалија се групирани со учениците во подрачнотоо училиште во селото Радање, а од селото Калаузлија во централното училиште во Карбинци и ова е дел од оптимизацијата пред сѐ со цел да овие ученици добијат поквалитетна настава, затоа што поквалитетната настава се добива пред сѐ со поединечни паралелки, а не со комнинирани паралелки. Нашата тенденција беше со намера да добијат поквалитетно образование и можам да кажам од денешна дистанца, овие месец дена , дека образовниот процес во Таринци, како и во другите места се одвива непрецено без никакви проблеми, дури сметам дека е изразено задоволството кај сите ученици, кај родителите, поготово кај оние кои беа скептици дали тоа ќе функционира и на кој начин општината, односно училиштето презема активности за организирање на превоз на учениците и ова функционира беспрекорно до овој момент, функционира навремено, организирано, без никакви проблеми, такашто од днеешен аспект после месец дена од кога започна наставата образованието е еден чекор понапред со овие мерки коишто ги презеде општината, министерството и сите вклучени експерти во делот на образовниот процес“, кажа Паунов

Во новата учебна година, учениците од Долни Балван беа групирани со учениците во Таринци, оние од Оџалија со учениците во подрачното училиште во Радање, додека учениците од Калаузлија со учениците во централното училиште во Карбинци.

Ева Тушевска, М-Нет