
Викендот започнува новата сезона во Првата кошаркарска лига во женска конкуренција со мечевите од првото коло.
Во рамките на истото шампионот Крива Паланка одбраната на титулата ја стартува на гостински терен против Вардар, Баскет Кам од Македонска Каменица ќе гостува кај МЗТ Скопје Аеродром, додека пак екипата на Патриот од Делчево ќе гостува кај новиот прволигаш Гевгелија.
Во рамките на првото коло Пробаскет над домашен терен ќе игра против Бадел.
Според календарот првиот дел е предвиден да заврши на 28 ноември со мечевите од седмото коло, а вториот дел да започне на 5 декември со мечевите од осмото коло. Есенската полусезона ќе заврши на 19 декември кога ќе се одиграат натпреварите од десеттото коло, додека пак по зимската пауза, шампионатот ќе продолжи на 16 јануари, кога натпреварите од 11-тата рунда.
Александар Ванев, М-Нет