Мила Ушинова од Штип го освои Отвореното првенство во тенис до 14 години во Скопје и избори место на завршниот Мастерс

Младата тенисерка Мила Ушинова од Штип оствари одличен успех на Отвореното првенство за јуниорки до 14 години, кое од 3 до 6 октомври се одржа во Скопје.

На турнирот настапија 30 млади тенисерки, а Ушинова од тенискиот клуб Астибо од Штип стигна до самиот крај и ја освои шампионската титула.

Во финалниот меч, Ушинова одигра одличен натпревар и со пресврт ја совлада Миа Николовска од тенискиот клуб Југ со 2:1 во сетови. Првиот сет заврши со 1:6, вториот со 6:3, а третиот со 6:4.

Триумфот во Скопје за Ушинова има дополнително значење, бидејќи со освоената титула таа се искачи меѓу најдобрите пет јуниорки на државната ранг-листа и обезбеди настап на завршниот Мастерс за 2026 година.

На мастерсот ќе настапат најдобрите осум јуниорки, а турнирот е предвиден да се игра од 24 до 26 октомври годинава во Скопје на терените на тенискиот клуб Југ.

За успехот на младата тенисерка од Штип голема заслуга има и нејзниот тренер Панче Арсов, кој континуирано работи со Мила и’ и дава поддршка во нејзиниот развој.

Александар Ванев, М-Нет