Македонија вечерва против Швајцарија, селекторот Седлоски: Ќе има свежи играчи и некои промени

Македонската репрезентација вечерва ќе игра против Швајцарија, дуел во кој ќе бараме излез од резулатската криза против репрезентација која во Скопје ја совлада Македонија со високи 0:3.

Селекторот Гоце Седлоски на прес-конференцијата пред натпреварот истакна дека мора да се надминат грешките од првиот меч, дополнувајќи дека сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса.

„Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме, со колективна игра и еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме добар натпревар и да се израдуваме по поразите кои ги имавме. Сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса. Ќе има свежи играчи и некои промени, затоа што не може да се издржи таков период. Од секој играч сакам подобро. Имаме и млади момци кои се примени добро од постарите и од меч во меч мора да бидеме подобри“, рече селекторот Гоце Седлоски.

Натпреварот меѓу Швајцарија и Македонија се игра вечерва со почеток од 20:45 часот.

Александар Ванев, М-Нет