Шампионот Штип УГД против Борец во битка за освојување на Суперкупот

ФОТО: ОК Штип УГД

Утре во Тетово ќе се одигра Суперкупот на Македонија, натпревар за титула со кој се отвара новата сезона во одбојкарскиот шампионат на Македонија.

Освојувачот на двојната круна, Штип УГД против Борец од Велес влегува на мечот кој има огромно значење пред официјално отварање на сезона 2026/2027.

Минатата сезона Штип УГД за првпат стана шампион, а по третпат ја освои Куп титулата, со што испиша нова историја со освојувањето на двојната круна, а сега тимот на Кристиан Ристески сака да го освои и Суперкупот.

Натпреварот во Тетово ќе се одигра со почеток од 17 часот.

Александар Ванев, М-Нет