
Деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, а ќе има и дневен термин.
Колото се отвара во сабота (10 октомври) во Кавадарци со мечот меѓу Тиквеш и Брегалница, кој ќе старува во 12 часот.
Еден час подоцна ќе се игра мечот во Гостивар меѓу Арсими и Силекс.
За недела се предвидени два натпревари. Шкендија Арачиново против Шкендија од Тетово, меч кој стартува во 13 часот, а два часа подоцна Скопје ќе игра против шампионот Вардар, меч каде дебито на клупата на тимот од Автокоманда ќе го има штипскиот стратег Иван Варадиновски.
Колото се затвара во понеделник (12 октомври) со натпреварот меѓу Башкими и Струга Трим Лум кој се игра во Куманово со почеток од 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет