Без вода остануваат утре граѓаните на Свети Николе, има дефект на цевководот за водоснабдување

Без вода утре ќе останат граѓаните на Свети Николе поради дефект на цевководот за водоснабдување од хидросистемот „Злетовица“.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до целосно отстранување и санирање на дефектот.

Како што информираат надлежните, граѓаните за сите дополнителни информации и евентуални промени во водоснабдувањето ќе бидат навремено известени.

„Поради дефект на хидросистемот „Злетовица“, во вторник, 06..10.2026 година, ќе има прекин во водоснабдувањето. Прекинот ќе трае до целосно отстранување и санирање на дефектот.“, велат од општината

Инаку, водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по санирањето на дефектот, а граѓаните навремено ќе бидат информирани за сите промени.

Иван Митев, М-Нет