ГКК Штип е подготвен за новата сезона, подготовките успешно завршени, мислите насочи за утрешниот меч со Тиквеш

ГКК Штип утре ја отвара новата сезона во Суперлигата на домашен терен во новиот спортски храм „Џексон“ против Тиквеш, во меч од првото коло.

Штипјани успешни ги завршија подготовките за новата сезона, со позитивни мисли се насочуваат за утрешниот меч со Тиквеш, барајќи силна поддршка од трибините.

„Градскиот кошаркарски клуб Штип го заврши припремниот дел успешно, реализирајќи ги плановите. Воедно, ја користам оваа прилика да ја повикам јавноста во Штип, љубителите на кошарката, на спортот, да во сабота во спортската сака „Џексон“ во 18 часот, заедно со клубот и тимот ја стартуваат натпреварувачката сезона давајќи поддршка и со тоа да го започнеме овој натпреваручки циклус со една одлична атмосфера промовирајќи ја кошарката во нашиот град после долг временски период. П осакувам на ГКК Штип споредна среќа и верувам во нивните квалитети. Тоа што сакам да го напоменам дека како локална самоуправа инвестираме во спортската инфраструктура, во спортот и промовирајќи ја кошарката верувам дека ќе мотивираме многу млади надежни кошаркари“, вели градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

Тренерот Србиновски вели дека подготовките ги запонале навреме, но имале некои несакани ситуации со повредени играчи.

„Утре започнуваме со Суперлигата, прв натпревар на домашен терен, ја повикувам штипската публика да дојде во што поголем број, да ја наполниме спортската сала „Џексон“, да направиме една добра атмосфера. Подготовките ги започнавме на време имавме некои несакани ситуации како што се некои повреди на некои играчи. Во овој момент со какви играчи располагаме ќе го видеме тоа на последниот тренинг и ќе видеме со каков состав ќе го играме овој натпревар“, вели тренерот на ГКК Штип, Марјан Србиновски.

Капитенот Караколев верува дека доколку се испочитува договореното со тренерот нема да има проблем на теренот.

„Можам да кажам дека оваа недела се подготвувавме доста добро, иако имаме неколку повредени играчи, нема тоа да ни смета, поради тоа што играме на домашен терен и ќе дадеме се од себе. Ако го испочитуваме договорено со тренерот нема да имаме никаков проблем“, вели Караколев.

Стратегот на штипјани вели дека никој не потценуваат и ќе имаат респект за секоја екипа.

„Ние никого не потценуваме сите ги респектираме имаме и ние свои адути и мислам дека мојата екипа утре ќе одговори на правилен начин, дали тоа ќе биде доволно во овој момент за да славиме победа, тоа ќе видиме утре, но се надевам дека ако дадеме 100% ќе се радуваме“, дополни Србиновски.

Натпреварот меѓу Штип и Тиквеш се игра утре, сабота во спортската сала „Џексон“ од 18 часот.

Александар Ванев, М-Нет